
Вметнување на SIM картичката и батеријата
SIM картичката и нејзините контакти лесно можат да бидат оштетени со гребење
или виткање, па затоа бидете внимателни при ракувањето, вметнувањето или
отстранувањето на картичката.
Важно: Не користете мини-UICC SIM картичка, исто така позната како
микро-SIM картичка, микро-SIM картичка со полнач или SIM картичка што има
мини-UICC исечок (види слика) во овој уред. Микро SIM картичката е помала од
стандардната SIM картичка. Овој уред не ја поддржува употребата на микро-SIM
картички и употребата на некомпатибилни SIM картички може да ја оштети
картичката или уредот и може да ги оштети податоците што се зачувани на
картичката.
1 Поставете го прстот во вдлабнатината на дното на уредот и внимателно
подигнете и отстранете го задниот капак (1).
Поддршка
5

2 Ако батеријата е вметната, отстранете ја (2).
3 Вметнете ја SIM картичката. Осигурете се дека областа за контакт на картичката
е свртена надолу (3, 4).
4 Израмнете ги контактите и преградата на батеријата и вметнете ја батеријата
(5). За да го вратите задниот капак, насочете ги горните кваки за заклучување
кон нивните подножја (6) и притиснете го капакот за да заглави на своето место
(7).
Безбедно отстранување. Секогаш исклучете го уредот и отстранете го полначот
пред да ја отстраните батеријата.